RAY BAN HEXAGONAL Очила за сонце 0RB3548N 004/71 51

11.550 МКД
Артикал: Очила за сонце Произвеува: Luxottica Земја на потекло: Italy Состав: Метал/Пластика Одржување: Се бришат со мека крпа

Шифра: 8056597077347

Категорија: , , ,

Достапност: На залиха

Оригинален производ Овластен сервис

**УПАТСТВО ОД ПРОИЗВОДИТЕЛОТ**

Овие очила за сонце се усогласени со одредбите од Директивата на ЕЕЗ (Европска економска заедница) бр. 89/686/EEC, во согласност со важечкиот референтен стандард EN ISO 12312-1.

**НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА ОЧИЛАТА**

Заштита од сончеви зраци согласно одредбите на EN 1836:2008. Категоријата и видот на филтерот се означени со ознака составена од еден број и една буква, која се наоѓа на пакувањето, на етикетата со бар-код (под соодветната ознака*) и на рачките на очилата, како дел од шифрата на моделот.
Бројот ја означува категоријата на филтерот (за препорачана употреба погледнете го редот во табелата што одговара на соодветниот број), додека буквата го означува видот на филтерот:

N = нормален
P = поларизиран
F = фотохроматски

Кај фотохроматските стакла (F), бројот ја означува категоријата на употреба во услови на послаба осветленост, додека во услови на поголема осветленост истите одговараат на една категорија пониско.

**ОПШТИ ПОДАТОЦИ**

Стаклата на овие очила за сонце имаат висока оптичка прецизност и се отпорни на удари согласно US FDA Reg. 21CFR081.410. Сепак, тие не се неуништливи.
Рамките на очилата се изработени од внимателно избрани материјали кои гарантираат удобност при носење, комфор и истовремено механичка цврстина.

**ПРЕДУПРЕДУВАЊА**

Производот не е наменет за директно гледање во сонцето или за изложување на УВ-зрачење произведено од вештачки извор на енергија.
Не е погоден за употреба во текот на ноќта или во услови на намалена видливост.

Чистење и одржување

За чистење на очилата користете сапун и вода, избегнувајќи употреба на растворувачи или алкохол. Не користете валкани или абразивни крпи што би можеле да ги оштетат очилата. За очилата користете го оргиналниот прибор и резервни делови.

Чување

Очилата треба да се чуваат во футроли (меки или цврсти) и на суво место, на температури меѓу -10 и +35 степени.