За нас
Prima Optics – Since 1999
Прима е основана во 1999 година со цел на Скопје да му даде уникатно купувачко искуство. Покрај уникатните брендови кои ги нудиме почнувајќи од Cartier, Boucheron, Dita, Chopard, Cazal, Thierry Lasry, ги нудиме и сите останати брендови кои се актуелни во светот на модата.
Денеска во Prima Optics опслужуваме илјадници клиенти, за чие задоволство сме бескомпромисно посветени.
Љубезноста и професионалноста на персоналот е наша примарна цел, а задоволството на купувачите е дополнето преку систем на активности од ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ како стандард за надминување на Вашите очекувања. Водејќи се според поставените принципи, Prima Optics успешно ја продолжува својата приказна, зголемувајќи го секој ден бројот на задоволни и лојални клиенти на кои секогаш сме им првичен избор кога станува збор за здравјето на очите.
Нашиот императив е да Ви овозможиме беспрекорна услуга која што Вие ја заслужувате и тоа е нашиот поттик кој долги години ни овозможува да работиме уште поуспешно.Услуга со 5 звезди е наш систем на вредности и примарна причина за долгогодишната лојалност на нашите купувачи.
Во своето портфолио, покрај продажбата на сончеви и диоптриски очила, Prima Optics Ви овозможува и бесплатна комјутерска проверка на диоптрија со најсоврема апаратура. Без разлика од Вашата диоптрија, во Prima Optics ќе пронајдете совршено решение за сите проблеми поврзани со видот преку големата понуда на специјализирани и квалитетни диоптриски стакла од сите познати светски производители.