MIU MIU Очила за сонце 0MU 54ZS 5AK30C 53

Артикал: Очила за сонце Произвеува: Luxottica Земја на потекло: Italy Состав: Метал/Пластика Одржување: Се бришат со мека крпа
27.050 МКД

Шифра: 8056597991742

Достапност: На залиха

Оригинален производ Овластен сервис

**УПАТСТВО ОД ПРОИЗВОДИТЕЛОТ**

**Овие очила за сонце се усогласени со одредбите на ЕЕЗ (Европската економска заедница) бр. 89/686/EEC, во согласност со важечкиот референтен стандард EN ISO 12312-1.**

**НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА ОЧИЛАТА**

Заштита од сончеви зраци согласно одредбите на EN 1836:2008.

Категоријата и видот на филтерот се означени со ознака составена од еден број и една буква, која се наоѓа на пакувањето, на етикетата со бар-код (под соодветната ознака*) и на рачките на очилата, како дел од шифрата на моделот.

Бројот ја означува категоријата на филтерот (за препорачана употреба погледнете го соодветниот ред во табелата), додека буквата го означува видот на филтерот:

N = нормален
P = поларизиран
F = фотохроматски

Кај фотохроматските стакла (F), бројот ја означува категоријата на употреба во услови на послаба осветленост, додека во услови на поголема осветленост одговараат на една категорија пониско.

**ОПШТИ ПОДАТОЦИ**

Стаклата на овие очила за сонце имаат висока оптичка прецизност и се отпорни на удари согласно US FDA Reg. 21CFR081.410. Сепак, тие не се неуништливи.

Рамките на очилата се изработени од внимателно избрани материјали кои обезбедуваат удобност при носење, комфор и истовремено механичка цврстина.

**ПРЕДУПРЕДУВАЊА**

Производот не е наменет за директно гледање во сонцето ниту за заштита од УВ-зрачење произведено од вештачки извори на енергија.

Не е погоден за употреба во текот на ноќта или во услови на намалена видливост.

**ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ**

За чистење на очилата користете вода и сапун, избегнувајќи употреба на растворувачи или алкохол.

Не користете нечисти или груби ткаенини кои можат да ги оштетат или променат својствата на филтерот.

Користете само оригинален прибор и оригинални резервни делови за очилата.

**ЧУВАЊЕ**

Очилата треба да се чуваат во мека футрола во форма на кесичка или во цврста футрола за очила, на суво место и на температура од -10°C до +35°C.